Коѕијас – Политиката на мирот триумфираше
Поранешниот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, кој го потпиша Договорот од Преспа, по неговата ратификација во грчкиот парламент на Твитер напиша дека политиката на мирот триумфираше.
„Сега треба итно да се усвојат, заедно со нашите пријатели од Северна Македонија, сите позитивни мерки предвидени со Договорот од Преспа, нашата заедничка иднина. Зоран и Никола, историјата е училиште, не затвор. Заедно стоиме на вистинската страна од историјата“, напиша Коѕијас.
Грчкиот парламент денеска со 153 гласа „за“ го ратификува Договорот од Преспа.