Експлозија во кафе бар во Русија, 11 повредени
Најмалку едно лице е убиено, а 11 биле хоспитализирани по две експлозии во едно кафуле во руската Саратовска област, објавјалокалните медиуми. Државната новинска агенција ТАСС соопшти дека експлозиите се случиле доцна синоќа во селото Лисје Гори, во близина на градот Саратов, на околу 775 километри југоисточно од Москва.
Се верува дека експлозиите биле поврзани со котел на гас на локацијата. Портпаролот на регионалното министерство за здравство, Александар Колоколов, изјави дека четири од повредените лица биле во животна опасност.ТАСС објави дека е отворена кривична истрага во случај да се испита дали се нарушени безбедносните барања.