Владата на Венецуела ги одби барањата за нови избори
Лидерот на владејачката партија во земјата, Диосдадо Кабељо изјави дека лидерите како што е шпанскиот премиер Педро Санчез треба двапати да размислат пред на Венецуела да и држат предавања за демократија, пренесе агенцијата АП.
„Никој не може да дојде и да ни наредува“, рече Кабељо на синоќешниот митинг пред приврзаниците во државата Кохедес.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, вчера порача дека за нов претседател ќе биде признаен лидерот на опозицијата Хуан Гуидо, доколку владата во наредните денови не распише нови избори.
Претходно Франција, Германија, Велика Британија и Шпанија до владата на претседателот Николас Мадуро поставија осумдневен рок за свикување на избори и исто така условија дека во спротивно ќе го признаат Гуидо за преоден претседател на земјата.