Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, поголема на северот и на истокот. Во северните делови ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а на југот и од пладневните часови ветерот ќе биде јужен.
Минималната утринска температура се движи од -9 до -1, а максималната од еден до девет степени.