Воениот аташе на Венецуела повеќе не го признава Мадуро
Венецуелското воено аташе, полковник Хозе Луис Силва изјави дека тој повеќе не го признава Николас Мадуро како легитимен претседател на државата и ги повика " браќата војници" да го поддржат самопрогласениот привремен претседател Хуан Гуидо.
"Канцеларијата на Военото аташе веќе не го признава претседателот Николас Мадуро и го смета за узурпатор. Канцеларијата го признава Хуана Гуидо како легитимен привремен претседател", изјави Силва.
Според него, оваа позиција е во согласност со Уставот и законите на Венецуела.Полковникот Силва рече дека разговарал со Гуидо и бил подготвен да му служи.
"Претседателот Гуидо има свој план за работа, кој ќе стави крај на узурпацијата и ќе организира транспарентни и слободни избори", рече воениот аташе.
Гуидо, спикерот на Венецуелскиот парламент, единствената институција контролирана од опозицијата, се прогласи за привремен претседател во средата на протест во Каракас.