Светот се сеќава на жртвите од Холокаустот
Неколку десетици поранешни затвореници кои преживеале во нацистичкиот логор на смртта Аушвиц, лоциран на југот од Полска, денеска положија венци од цвеќиња по должината на Ѕидот на смртта, започнувајќи ја на ваков начин централната комеморација во чест на Денот на сеќавање на жртвите на холокаустот.
Станислав Залевски, претседател на Здружението на полски затвореници во фашистичките логори, предупреди дека денес, 74 години подоцна, луѓето и натаму не ги научиле лекциите од трагедијата од концентрационите логори во Втората светска војна.
„Во многу делови од светот, луѓето во име на своите амбиции или некои идеолошки аспирации вршат вооружени злосторства во кои гинат илјадници луѓе и кои имаат карактеристики на геноцид. Оние кои доаѓаат во Аушвиц на годишнината од ослободувањето и оние кои имаат моќ да направат нешто во овој свет, тие се обврзани вакви работи да не се случуваат повеќе“, рече Залевски.
Ширум Полска, граѓаните на прозорцитепалат свеќи како потсетник на еврејските соседи кои веќе го немa, по пеколот кој зад себе го остави од холокаустот. Логорот Аушвиц беше претворен во музеј во 1947 година.