Во Собранието денеска пратенички прашања
![Во Собранието денеска пратенички прашања](https://gdb.rferl.org/4F82933C-B9BE-49A0-ACAD-A9422C28E647_cx0_cy12_cw79_w800_h450.jpg)
Собранието на Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе бидат поставувани пратенички прашања. Претходно, како што е најавено, претседателот на Собранието Талат Џафери ќе одржи неформална средба со медиумите посветена на тековните и идните активности на Парламентот.