Времето денеска: претежно облачно и врнежливо
![Времето денеска: претежно облачно и врнежливо](https://gdb.rferl.org/0188E488-4926-4ACB-AC13-747B292906BC_cx28_cy5_cw35_w800_h450.jpg)
Во Македонија ќе биде претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се движи од - 3 до 3, а дневната од 1 до 9 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околу 0, а дневната ќе достигне до 4 степени.