Претседателот на ФЕД вели дека не попуштил под притисок на Трамп
Претседателот на американската централна банка ФЕД, Џером Пауел изјави дека не попуштил под притисок на претседателот Доналд Трамп за да ги задржи на ниско ниво каматните стапки. ФЕД по дводневниот состанок соопшти дека ги задржува каматните стапки од 2,25 до 2,5 насто. Во минатата година каматните стапки беа подигнувани четири пати, што наиде на големи критики од Трамп. „Никогаш нема да ги земаме предвид политичките прашања, ниту за нив ќе расправаме во рамките на нашата работа“, рече Пауел.