Влада на Косово: Коалицијата е стабилна
![Влада на Косово: Коалицијата е стабилна](https://gdb.rferl.org/67D48E1D-4618-4EE8-A2B7-FA2AF8055EB3_w800_h450.jpg)
Владата на Косово, по вчерашната вонредна средба на лидерите на четирите партии од владејачката коалиција, објави соопштение во кое тврди дека „коалицијата е функционална и стабилна“. Според партиски извори, средбата била свикана по последните несогласувања меѓу премиерот и собранискиот спикер околу таксата од 100 отсто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина.Лидерите на партиите од коалицијата, според соопштението, се заложиле за „интензивирање на дејствијата и усогласување на одлуките со стратешките партнери, САД и Европската унија“.