Трамп наскоро ќе објави кога и каде ќе се сретне со Ким Џонг Ун
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во наредната недела ќе ги соопшти датумот и местото на наредниот, втор состанок со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Трамп притоа додаде дека Северна Кореја „навистина го сака тој состанок“. Првиот нивен самит беше одржан на 12 јуни минатата година во Сингапур при што се разговарало за денуклеаризацијата на Северна Кореја.