Каволи - Шекеринска: Продолжува големото партнерство
Извонредното партнерство помеѓу нашите армии трае повеќе години – почнувајќи од нашата соработка во Авганистан и во Косово, преку Програмата за државно партнерство со Националната гарда на Вермонт, што датира од 1993 година. Учеството и спроведувањето на напорни и реални обуки со сојузнички и партнерски војски, дава можност на војниците од нашите две земји да ја зголемат подготвеноста и интероперабилноста, и да се стекнат со нови вештини и идеи. Посветени сме да го продолжиме ова големо партнерство и заедно, ќе останеме решителни и транспарентни во нашите цели за одвраќање на конфликти и помагање да се обезбеди мир во Европа.
Ова денеска на средба со македонската министерка за одбрана го истакнал командантот на силите на САД за Европа, генерал-потполковник Кристофер Каволи, кој е во прва официјална посета на Македонија.
Министерката Шекеринска се заблагодарила на континуираната поддршка на САД и ја нагласила важноста на стратешкото пријателство меѓу двете земји и неговото продолжување во духот на сојузништвото во НАТО каде Македонија наскоро ќе стане членка.