Захарова: Русија подготвена за преговори за договорот за нуклеарно оружје
Москва е подготвена да разговара за Договорот за нуклеарните сили со среден дострел (ИНФ), откако Вашингтон соопшти дека се повлекува од него, ја пренесоа руските медиуми изјавата на портпаролката на руското МНР Марија Захарова.
Захарова, исто така, нагласи дека Москва го задржува правото да одговори на одлуката на САД да се повлечат од договорот.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска објави дека САД ќе го прекинат применувањето на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.