Османи: Само од нас зависи почетокот на преговорите со ЕУ
Вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи денеска изјави дека Македонија веќе нема пречки на патот кон европско интегрирање. Според него, почетокот на преговорите зависи само од земјата.
Тој на состанокот на Работниот комитет за европски интеграции посочи и дека во бнаредниот период ќе бит фокусирани на мерките кои се преземени за реализација на препораките од извештајот на Европската комисија за 2017 година со посебен акцент на итните реформски приоритети. Според него, комитетот ја претставува сржта на раководната структура која треба да ги испорача предвидените реформи во следните два месеци.