ЕУ го поздрави механизмот за трговија со Иран
ЕУ го поздрави новиот механизам за трговија со Иран, заобиколувајќи ги американските санкции, но упати критика до Техеран за неговата "дестабилизирачка" програма за балистички ракети, нејзините "непријателски активности" на териториите на неколку земји-членки на ЕУ и нејзиното мешање во земјите во Среден Исток.
Во соопштението се наведува дека ЕУ ја повторува својата заложба за зачувување на нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и шесте светски сили. Според ЕУ, целта на механизмот е да се овозможи позитивно влијание врз трговијата и економските врски со Иран, но и врз животот на луѓето во земјата.
Во исто време се повикува Иран да прекине со зголемување на опсегот и прецизноста на своите проектили, бидејќи таквите активности ја продлабочуваат недовербата и придонесуваат за регионална нестабилност.