Заев: Македонија во јуни може да ги почне преговорите со ЕУ
Премиерот Зоран Заев за време на денешната средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов во Софија порача дека Македонија во јуни може да ги почне преговорите со Европската унија. Заев нагласи дека трговијата со Бугарија бележи раст по потпишувањето на Договорот за добрососедство.
Борисов изјави дека во моментов трговската размена меѓу двете земји изнесува 605 милиони евра. Заев уште еднаш оддаде благодарност за континуираната поддршка од Бугарија за членство на Македонија во НАТО и за ЕУ, како и за подготвеноста на Бугарија да го сподели искуството по сите прашања поврзани со подготовките во пристапниот период и за ефикасно користење на европските фондови во оваа фаза од преговорите.
На нивната средба станало збор и за развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство.