Османи - Отворени сите опции за претседателски кандидат
Демократската унија за интеграција ги разгледува сите опции за претседателски кандидат. Разговорите се одвиваат во различни насоки, но се уште нема нешто конкретно, за да кажам кој пат ќе го одбереме – опцијата за кандидат од партијата или опцијата за кандидат кој ќе биде заеднички. Тоа ќе биде прашање што ќе се одлучи или дискутира во следните денови, но сите опции се отворени.
Ова денеска го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи по заедничката прес-конференција на ирската министерка за европски прашања, Хелен Мекенти, и на државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Финска, Самули Виртанен.
Во врска со вчерашната изјава на лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис дека ќе го искористи правото на вето во отворањето на преговарачките поглавја на Македонија со ЕУ, Османи рече дека во Договорот од Преспа е вклучен и Договор за
стратешко партнерство, и со овој договорот Македонија воспоставува стратешко партнерство со Грција, што значи меѓусебно поддржување во сите сфери.