СДСМ: Граѓаните одбраа НАТО и ЕУ, а не нови Груевски и Иванов
Кој и да е кандидатот на Мицкоски, што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, против иднината на Македонија, го чека пораз на претседателските избори, соопшти владејачката СДСМ, по обвинувањата на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски дека „имало индиции дека Заев ќе ги украде изборите за претседател“.
„Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е голем успех за граѓаните и силен пораз за пионот Мицкоски, за неговите деструкции и за неговите антизападни шефови. Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато“, велат од СДСМ