Македонија отвора амбасада во Атина
Владата на денешната 118-тата седница донела одлука за отворање амбасада во Атина и Генерален конзулат во Солун. Одлуките ќе започнат да се применуваат со влегувањето во сила на уставните измени во Македонија.
На денешната седница донесена е и одлука да се тргне железната ограда околу владината зграда. Одлука за отстранување на железната ограда околу Владата, пак има за цел да се ослободи целосно јавниот простор околу владината зграда, за да биде достапен за користење од страна на граѓаните, соопштуваат од Владата.
Покрај тоа на седницата е усвоена и информацијата за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, за кој во Буџетот се издвоени 1,1 милијарда денари.