Расте бројот на загинати од уривањето на зградата во Истанбул
Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека 14 лица се спасени од под урнатините на зградата во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул. Спасувачката операција за потрага по загинати и евентуални преживеани лица се уште трае.
Според агенцијата Анадолија, под надзор се и објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на зградата која се урна. Причината за уривањето се уште е предмет на истрага, а локалните власти наведоа дека последните три ката биле нелегално изградени. Станбената зграда, во која имаше 30 станари, се урна во средата.