Камнеи: Слоганот "Смрт за Америка" е наменет за Трамп
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Камнеи, рече дека слоганот "Смрт за Америка" е насочен кон американскиот претседател Доналд Трамп и други американски донесувачи на одлуки, а не за американската нација. "Смрт за Америка" значи смрт за Трамп, за советникот за национална безбедност Џон Болтон и за државниот секретар Мајк Помпео. Тоа значи смрт за американските владетели ", рече Камнеи денеска во говорот на собирот на иранската армија
Слоганот редовно се извикува на митинзи и настани организирани од државата, вклучувајќи ги и петочните молитви.
"Тоа значи смрт за неколкуте луѓе што ја водат таа земја. Ние немаме ништо против американската нација ", додаде Хаменеи
Камнеи рече дека Иран нема да се откаже од слоганот "Смрт за Америка" се додека Вашингтон ја продолжува својата непријателска политика кон Техеран.
Тензиите меѓу Иран и САД се зголемија, по одлуката на Трамп да се повлече од нуклеарниот договор и да преземе економски санкции.