Тачи бара да се почитува барањето на САД за суспензија на царините со Србија и БиХ
Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека во Вашингтон добил јасни пораки дека без суспендирање на царините од 100 отсто на стоката од Србија и БиХ, не е можно да продолжи дијалогот со Србија. На конференцијата за новинари по враќањето од САД, каде присуствуваше на традиционалниот Моливен појадок, Тачи ја повика Владата на Косово и коалиционите партнери да го почитуваат барањето на САД за суспензија на царините.
,,Сметам дека домашните институции треба да го почитуваат овој совет.На прв поглед изгледа дека Србија е оштетена за десетина милиони евра, но нагласувам дека не постои цена која можеме да ја платиме доколку дојде до ослабнување на односите меѓу Косово и САД”, изјави Тачи.