Бакојани: Ќе велам Северна Македонија, но не и Македонец зошто тоа е грешката на Преспанскиот договор
Поранешната шефица на грчката дипломатија, а сега пратеник од Нова демократија, Дора Бакојани, во интервју за грчкото радио „Њуз247“ вели дека за нашата земја ќе го користи новото име Северна Македонија, но нема да може да каже Македонец премиер или Македонец министер, јави МИА од Атина.
„Секако ќе ја нарекувам Северна Македонија, како што ја нарекувам секоја земја со нејзиното име. Јас секогаш, соседната земја ја нарекував поранешна југословенска Република Македонија, што беше нејзиното официјално име. Сега кога официјално име е Северна Македонија, ќе ја нарекувам Северна Македонија. Она што нема да можам да го направам е да кажам Македонец премиер. Следниот премиер или господинот Заев ќе го наречам премиер на Северна Македонија. Македонец премиер и Македонец министер нема да кажам. Нема да кажам, бидејќи сметам дека тоа е основната и многу голема грешка на овој договор“, рече Бакојани,