Саморуков за „Москоу тајмс“: Македонија е во НАТО, Русија доживеа тежок пораз
Светските медиуми зборуваат за нов пораз за Русија, наведувајќи дека НАТО го надминал рускиот отпор и повторно се шири на Балканот, поздравувајќи ја Македонија во своите редови. На крајот на бајката, сите 29 членки на НАТО, како и Грција – со која имаше најмногу проблеми во оваа приказна – симболично ќе го потпишат протоколот за членство, пишува Максим Саморуков, уредник во Карнеги центарот во Москва.
„Среде оваа идилична сцена, Русија е оставена да ја одигра улогата на злобната самовила, која се обиде да ја уништи прославата за сите од чист инает, но доживеа тежок пораз. И како во бајката, среќниот крај за Македонија и НАТО беше очигледен уште од самиот почеток. Сепак, Русија избра да застане на страната осудена на пропаст“, се посочува во текстот објавен во „Москоу тајмс“.
Авторот оценува дека овој случај покажува дека конфронтирањето со Западот е вроден за Русија, без разлика на исходот, и дека доколку има шанса да поентира, па макар тоа било бесмислено и направено единствено за да ги фрустрира сите други, Москва ќе го стори тоа.
„Во стилот на Достоевски, колку повеќе напорите се безнадежни, толку е посладок самонанесениот пораз“, вели Саморуков.