Помпео: САД ќе бидат поангажирани во Централна и Источна Европа
![Помпео: САД ќе бидат поангажирани во Централна и Источна Европа](https://gdb.rferl.org/8FFFF103-8A14-49C9-AA2A-84583EFFDEA2_w800_h450.jpg)
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека САД мора да бидат поангажирани во Централна и Источна Европа, со оглед на тоа што Русија се обидува да го подели Западот. На првиот ден од неговата турнеја по пет земји во Европа која е фокусирана врз растечкото влијание на Русија и Кина во Централна и Источна Европа Помпео се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Притоа Помпео му ја изразил важноста од промовирањето демократија и владеење на правото.