Турција ја почна најголемата операција против мрежата на Ѓулен
![Турција ја почна најголемата операција против мрежата на Ѓулен](https://gdb.rferl.org/8A5D6A26-4081-4998-BDC6-E5772C12EEDC_cx0_cy12_cw0_w800_h450.jpg)
Tурските власти денеска издадоа налози за апсење на 1112 лица, осомничени за поврзаност со движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека стои зад обидот за државен удар во Турција во 2016 година.
Како што јави турската агенција Анадолија, налози за апсење се издадени во рамки на истрагата за наводни измани на испит во 2010 година, со што им е овозможено на полицајци да станат заменици полициски инспектори.
Обвинителството тврди дека прашањата пред тестот им биле поделени на следбеници на Ѓулен, кој живее во доброволен егзил во САД. Ова е една од најголемите операции против мрежата на Ѓулен по неуспешниот државен удар.