Во Србија 19 починати од грип, епидемија во три градови
![Во Србија 19 починати од грип, епидемија во три градови](https://gdb.rferl.org/E815F9BD-7B67-4D16-B464-D02D664F888D_cx0_cy13_cw0_w800_h450.jpg)
Во Србија досега од грип починале 19 лица, бројот на заболени секој ден расте, а според последниот извештај на националниот Институт за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, постои сомнеж дека 85.000 лица се заразени со еден до два изолирани вируси на грип, кои се евидентирани од страна на здравствените служби во регионот.
Само на подрачјето на Ниш досега починаа шест лица, а од 32 хоспитализирани пациента 11 се животно загрозени. Само минатата недела, бројот на пријавени случаи изнесувал 3.800. Тој се зголемил двојно во споредба со седум дена претходно. Минатиот викенд во Чачак почина две и пол годишно момче, а со вирус на грип е заразена и неговата сестра близначка. Епидемијата засега е пријавена само на подрачјето на Ниш, Пирот и Ужице, епидемиолозите предупредуваат дека постои тенденција за зголемување на опсегот.