Белата куќа оцени дека исламската револуција била неуспех
Белата куќа ја оцени како „40 години неуспех“ годишнината од победата на исламската револуција во Иран. „Тоа беа 40 години неуспех“, напиша на твитер Џон Болтон, советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп. Иран вчера славеше 40 години од формирањето на Исламската република кога беше сменет шахот Реза Пахлави. Тоа се случи на 11 февруари 1979 година, десет дена по враќањето на ајатолах Хомеини, основачот на Исламската република.