Хрватска политичарка пронајдена мртва во својот стан
Хрватската политичарка од паријата „Жив ѕид“, Мирјана Јукиќ, е пронајдена мртва во нејзиниот стан во Риека, објави хрватскиот весник „Нови лист“. Причините за смртта засега се непознати, а порталот Дневник.хр објави дека на нејзиното тело немало траги на насилство.
Јукиќ е советничка во Градското собрание од партијата Жив ѕид. Како советничка таа не се експонирала многу, а „Нови лист“, повикувајќи се на упатени извори, објави дека била ангажирана за социјални прашања. На крајот на декември го поддржала буџетот на градоначалникот на Риека, Војко Оберснел, поради што наишла на напади од колегите во партијата.