Со норвешка помош ќе се справуваме со загадениот воздух и опасниот отпад
Македонија ќе добие поддршка од Норвешка за намалување на загадувањето и за управувањето со опасен отпад, беше речено на денешната средба на министерот за дијаспора, Едмонд Адеми и градоначалникот на Осло, Мариане Борген.
Како што соопшти Владата, на средбата се истакна добрата билатерална соработка меѓу двете земји и беше потврдена посветеноста за натамошно градење блиски и пријателски меѓусебни односи. Министерот Адеми, кој престојува во работна посета на Кралството Норвешка, честитал за престижната титула „Европски зелен град 2019“ што му беше доделена на Осло од Европската комисија на градот Осло.