Распишани предвремени избори во Шпанија
Шпанскиот премиер Педро Санчез распиша предвремени избори, кои треба да се одржат на 28 април. Веста за прогласувањето на изборите ја потврдила министерката во Владата, Марија Хесус Монтеро, пренесуваат шпанските медиуми. Монтеро во средата во парламентот го бранеше предложениот буџет за оваа година, но безуспешно. Буџетот предложен од социјалистичката Влада беше одбиен.
Малцинската Влада на Санчез, која има 84 од 350 пратеници, неофицијално соопшти во понеделникот, дека ако падне нејзиниот буџет, премиерот ќе распише предвремени избори на 14 или 28 април.