Трамп до Вучиќ- признавањето на Косово е пат кон евроинтеграцијата
Американскиот претседател Доналд Трамп по повод Денот на државноста на Србија во писмената честитка до својот српски колега Александар Вучиќ пишува дека Соединетите Американски Држави остануваат непоколебливи во својата поддршка кон неговата посветеност да ја разбуди регионалната соработка, особено во однос на заложбите за нормализација на односите со Кoсово.
"Додека на двете страни е да постигнат договор кој би можеле да го поддржат, сметаме дека взаемното признавање би требало да биде централниот елемент кон трајно нормализирање на односите. Таков историски договор, со взаемно признавање, во својата суштина ќе изгради пат за евроинтеграцијата на Србија и економскиот раст”, истакнува Трамп.