Скот: Србија е на вистинскиот пат, но загрижува брзината на напредокот кон ЕУ
Американскиот амбасадор во Белград, Кајл Скот оцени дека Србија е на вистинскиот пат, но нагласи дека е загрижен за брзината на нејзиниот напредок кон Европската унија и за регионалните односи.
“Од време на време се грижам за брзината на тој напредок, мислам дека треба двојно да се зголемат напорите и да се тргне уште посилно понатаму. Пред се, тука мислам на извештајот на ЕУ за напредокот на Србија, како и за регионалните односи”, изјави Скот за весникот „Блиц“.
Скот истакна дека поглавјата 23 и 24 правосудство, правда, слобода на медумите и безбеднсот, се од клучно значење за напредокот на Србија кон членството во ЕУ, но дека во тие области не се гледа голем напредок
колку што тој сака и колку би сакале српските граѓани.
Toj додава дека САД ќе продолжат да се залагаат Косово да ги повлече таксите за узвоз на производи од Србија и Босна и Херцеговина, но дека и Белград треба „да ја одигра својата улога со цел процесот на дијалогот да тргне напред“, односно да се имплементираат постигнатите договори и да ги разгледа компромисите за иднината.