Десетмина од повредените во тешка состојба, двајца во критична
Десетмина од повредените во завчерашната сообраќајната несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје-Тетово, се во тешка здравствена состојба, а двајца во критична. Министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети повредените во Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека таму се лекуваат 28 повредени, а шест ќе бидат пуштени на домашно лекување.
“Од вкупниот број пациенти шест се наоѓаат во одделот за интензивно лекување. Кај двајца од нив во текот на вчерашниот ден е направена хирушка интервенција. Сите се со стабилни витални параметри. Кај двајца од нив најдоминатни им се повредите на главата,
се политрауматизирани и поставени на респираторна машина. Состојбата им е критична. И другите пациенти кои се во Одделот за интензивно лекување исто така се политрауматизирани и доминантни им се повредите на градниот кош и на стомакот, “изјави Филипче.
Минситерот потенцираше дека во Клиничкиот центар се лекуваат осум пациенти од кои четворица се на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, по еден пациент има на клиниките за трауматологија, неврохирургија, торакална хирургија, а една бремена жена се лекува на Клиниката за гинекологија и е во добра општа состојба.
Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов истакна дека двајцата пациенти кои беа пренесени од Одделот за интензивно лекување, 15-годишното момче и 40-годишниот пациенти синоќа заради влошување на состојбата и губење на крв биле внесени во оперативниот протокол.