Презентирана платформа за дијалог за зачувување на интегритетот и признавање на Косово
Претседавачите на државната делегација за дијалог со Србија му ја предадоа на Косовското собрание платформата за дијалог, која ќе биде објавена од страна на Собранието на Косово во наредниот период. Косовскиот претседател Кадри Весели изјави дека тоа е платформа за дијалог за постигнување на конечен договор со Србија, врз основа на нормализација на односите, што подразбира целосен суверенитет и интегритет на независно и суверено Косово.
Весели додаде дека Собранието ќе ја прифати оваа платформа, но дека конечниот збор за договор со Србија ќе го имаат граѓаните на референдум. Тој исто така повика дел од опозицијата која одби да биде дел од државната делегација за дијалог, да учествува во дијалогот.