Владата на САД доби известување за промената на името
Денеска владата на Соединетите Американски Држави доби официјално известување од владата за промената на името во Република Северна Македонија, информираа попладнево од Амбасадата на САД во Скопје.
“Согласно тоа, ние ќе почнеме да го користиме новото име веднаш и ќе почнеме процес на промена на референците на интернет страниците, официјалните документи и секаде на друго место”, се наведува во кратката објава на амбасадата.