Денеска средба Димитров - Катругалос во Делфи
Шефовите на македонската и грчката гипломатија, Никола Димитров и Јоргос Катругалос, денеска ќе остварат средба на маргините на економскиот форум во Делфи. Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на дипломатски извори објави дека фокусот на средбата ќе биде ставен на имплементацијата на Договорот од Преспа и на техничките и практични проблеми кои се појавуваат во спроведувањето.
Вчера Димитров на економскиот форум се сретна со заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија, Метју Палмер и со амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат. Тие разговарале за билатералните односи меѓу двете земји и за актуелни прашања и предизвици во регионот. Димитров оствари средба и со лидерот на грчката партија Река, Ставрос Теодоракис.
„Ако имавме повеќе политичари кои повеќе размислуваат за следните генерации, а помалку за следните избори, светот ќе беше многу подобро место“, напиша Димитров на Твитер.