Ципрас најави посета на Скопје
Грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на неговиот говор на четвртиот економски форум во Делфи изјави дека набрзо ќе биде првиот грчки премиер кој официјално ќе го посети Скопје. Тој рече дека за посетата ќе биде придружуван од бизнис делегација и оти подоцна ќе се формира и високиот совет за соработка меѓу двете земји.
Ципрас говорејќи за Договорот од Преспа рече дека тој е дипломатско ремек дело и оти ќе остане во историјата, бидејќи прв пат за билатерлано прашање на Балканот постоела политичка волја да се порази национализмот на двете страни.