Почина 20-годишно момче од повреди од пукање во Сарај
Дваесетгодишно момче им подлегнало на повредите здобиени во оружен инцидент што се случил ноќеска на влезот од село Шишево кај Сарај, во кој повредено е уште едно лице, соопшти МВР.
Според информациите, околу два часот по полноќ во СВР Скопје било пријавено дека во Клиничка болница „Систина“ од страна на 24-годишниот (С.Т.) со повреди биле донесени 20-годишниот А. А. и 36-годишниот Г. А. сите од ело Шишево.
Според пријавеното тројцата се движеле со возило „БМВ“, а пред нив се движело возило „Мерцедес“, управувано од (Е.Ш.) од Шишево, со кого претходно имале расправии. На влезот во селото мерцедесот застанало до патот, а по него запрел и (Г.А.) кој го управувал возилото „БМВ“. Е.Ш. и Г.А. излегле од возилата и почнале да се расправаат, по што Е.Ш. со пиштол пукал кон Г.А., а потоа и кон А.А. С.Т. ги пренел А.А. и Г.А. во болницата „Систина“, каде А.А. починал, наведуваат од МВР.