Во поплави во Авганистан загинаа 32 лица
Најмалку 32 лица загинаа во поплави во Авагнистан, соопштија властите. Во поплавите предизвикани од обилните врнежи од дожд оштетиле или уништиле повеќе од 2000 домови.
Според властите, шест лица загинале, а осум биле повредени во покраината Хелмад, додека во соседната покраина Кандахар загинале 20 лица. Најмалку 10 лица се водат за исчезнати.