Димитров оствари средба со Рикер
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска се сретна со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.
Според соопштението на МНР, Димитров упатил честитки до Рикер за неговото именување на функцијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања. Според Димитров, именувањето на Рикер на функцијата е добра вест за регионот, Европа и за трансаталнската заедница.
Рикер упатил честитки за Договорот од Преспа, со кој, како што истакнал, се отвораат вратите кон заслуженото место на Република Северна Македонија во НАТО. На средбата, како што се наведува во соопштението, биле разменети мислења и за актуелните состојби.