САД го вратија статусот на мисијата на ЕУ како највреден партнер на земјата
САД соопштија дека ја вратиле мисијата на ЕУ во Вашингтон на поранешниот статус, нарекувајќи го блокот еден од највредните партнери. Стејт Департментот минатата година го намалија дипломатскиот статус на мисијата на ЕУ од земја членка на меѓународна организација, чекор за којшто се гледаше како на натамошен удар на трансатлантските врски.
Американскиот амбасадор во ЕУ, Гордон Сондленд изјави дека ЕУ е важна организација и е еден од најважните партнери на САД во осигурувањето на глобалната безбедност и просперитет.