Русија го напушти Договорот за нуклеарно вооружување со САД
Официјален Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин денеска го потпишал документот со кој Русија го суспендира своето учество во клучниот договор со САД за контрола на нуклеарно вооружување кој датира од Студената војна.
Путин, како што се јавува, исто така му наредил на министерството за надворешни работи да ги информира потписниците на Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел за потегот на Москва.
Русија минатиот месец најави дека ќе се повлече од договорот откако Соединетите Американски Држави го почнаа шест месечниот процес за негово напуштање поради прекршувањата од Москва. Русија ги негираше таквите наводи обвинувајќи ги САД дека тие го прекршуваат договорот, тврдење кое, пак, Вашингтон го негираше.