Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ
Последните бројки на Европската Канцеларија за азил (ЕАСО) покажуваат дека државјаните на Северна Македонија се меѓу оние кои најчесто продолжуваат да поднесуваат барања за азил, дури и откако се одбиени, јави дописничката на МИА од Брисел.
Во јануари 2019, поднесени се 628 барања за меѓународна заштита од страна на македонски граѓани, а речиси половина од овие се повторени барања. Со ова Северна Македонија, заедно со Србија се меѓу првите земји чии државјани поднесуваат барања за азил во повеќе наврати, дури и откако биле одбиени.
“Некои државјани имаат тенденција почесто да поднесуваат повторно барања, таков е случајот, на пример, со граѓаните од Северна Македонија и Србија, каде речиси половина од апликациите се повторени. Најчесто концентрацијата на повторени барања се највисоки кај државјаните од земјите од западниот Балкан", се наведува во соопштението на европската канцеларија за азил.
Северна Македонија бележи значаен раст на барањата за азил во јануари 2019, поголем број барања од нашата земја имало во април и март 2017 година.