Кривична против поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Поранешниот директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации А.Н. доби кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување. Тој со активности спротивни на законот го оштетил буџетот за 1.701.210 денари.
А.Н. како прв човек на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во периодот од 20.01.2015 до 03.08.2017 година за свои лични потреби, а на штета на буџетот на РСМ злоупотребил буџетски средства во вкупен износ од 1.040.616 денари, додека со непочитување на законските одредби од Законот за јавни набавки и без спроведување на постапки за јавна набавка, на штета на Буџетот на РСМ за трети лица овозможил да се стекнат со имотна корист во вкупен износ од 660.594 денари.