Затвор за двајца активисти поради шега на сметка на Путин
Рускиот суд донесе одлука за затвор на двајца активисти поради поставување на лажен надгробен споменик за претседателот Владимир Путин. Карим Јамадајев е осуден на 28 дена затвор, а Николај Переседов на 6 дена во затвор. Јамадајев беше уапсен пред два дена откако активистите инсталирале надгробна плоча со слика на Путин, со полно име и датумите "1952-2019".
Неговиот адвокат изјави дека тој е прогласен за виновен поради повторување на прекршувањата на законот за јавни собири и осуден на 28 дена затвор, додавајќи дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот.
Јамадајев во јануари беше исто така осуден на 8 дена затвор поради инсталации посветени на политичките затвореници и новинари кои биле убиени, бидејќи ја нивната работа во Русија.
"Путин го погреба слободниот интернет, жителите на Набережние Челни го погребаа Путин", изјавија активистите преку социјалните медиуми.
Лажната гробница била инсталирана кога во неколку градови низ Русија се одржуваа протести против законите за кои критичарите сметаат дека се дел од напорите на Кремљ за ограничување на слободата на интернетот.