ОН: Масакрот во Конго можно злосторство против човештвото
Истражителите на ОН соопштија дека за време на декемвриското насилство меѓу заедниците во Конго, кога беа убиени најмалку 535 луѓе, најверојатно е извршено злосторство против човештвото.
Истражувачкиот тим смета дека билансот на жртвите од масакрот во западниот дел на Конго, најверојатно, е уште поголем зашто е извесно многу тела да се фрлени во блиските реки. Како што се наведува, судирите меѓу народите Бануну и Батенде почнале по спорот за погребот на еден племенски лидер на Бануну.
Во извештајот пишува дека нападите имале многу сличен образец и биле карактеризирани со екстремно насилство и брзина, што на луѓето им оставило многу малку време за да побегнат. Со истрагата е утврдено дека припадниците на народот на Бануну биле гаѓани со оружје и запаливи експлозивни направи.