Талибанците нападнале повеќе воени позиции во западен Авганистан
Талибанските борци извршиле напади врз неколку армиски места во западниот дел на Авганистан, при што загинале најмалку 13 авганистански војници, велат официјалните претставници. Џамшид Шахаби, портпарол на гувернерот на провинцијата Бадхис, објави дека 42 милитанти биле убиени, а 15 војници биле ранети во борбите во провинцијата која се граничи со Туркменистан. Судбината на уште десетина други војници е непозната.
Од министерството за одбрана соопштија дека владините сили поддржани од авијацијата се испратени во регионот Бал Маргхаб, веднаш откако Талибанците започнаа офанзива на 9-ти март. Талибанците завзеле четири места, а од министерството додаваат дека борбите се се уште во тек. Портпаролот на Талибанците, Кари Јусуф Ахмади, потврди дека групата стои зад нападот и дека биле заробени 28 војници.