Катругалос: Спроведувањето на договорот не е леснo, но има добра волја од другата страна
Не е лесна работа спроведувањето на договорот, но гледаме добра волја од другата страна, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во интервјуто за грчкото радио „Реал фм“, во однос на тоа како во пракса оди имплементацијата на Договорот од Преспа. Сепак, тој открива дека грчкото МНР преку специјална комисија го следи спроведувањето.
“Го следиме спроведувањето преку една комисија што имаме во Министерството за надворешни работи, министерски комитет формиран и се базираме на програма на активности, што не се содржи само извршување на условите од договорот, туку воглавно на промоција на оние позитивни мерки во економијата, културата, што ќе создадат клима која нема во иднина да дозволи промена”, вели Катругалос.
Министерот за надворешни работи на Грција, објаснува дека и тој и Димитров сакаат да се имплементираат и духот и содржината на договорот и да се изгради стратешко партнерство, помеѓу двете земји и општо на Балканот. Во однос на улогата на Русија, САД и Турција во Договорот од Преспа, Катругалос вели дека трите земји имаат свои интереси во регионот, кои што се обидуваат да ги спроведат, додека пак во однос на Москва објаснува дека тие се против проширувањето на НАТО и истакнува дека немало никакви притисоци.