Израелската полиција ги затвори сите влезови во џамијата ал-Акса
Израелската полиција денеска соопшти дека ги затвориле сите влезови во чувствителното светилиште во Ерусалим, каде што се наоѓа џамијата ал-Акса, откако беше фрлена запалива бомба врз една полициска станица.
Полицајците почнале да ги гонат осомничените напаѓачи, по што избиле судири со Палестинците. Тројца осомничени биле уапсени.
Тоа свето место Евреите го викаат Рид на храмовите, зашто на него некогаш биле древните еврејскихрамови, а сега таму се џамиите ал-Акса и Куполата на карпа и муслиманите го викаат Возвишеното засолниште, Харам ал-Шариф.
Напнатоста е зголемена во последните неколку недели, откако муслиманските верници отворија дел од светилиштето кој Израел го затвори уште во 2003 година.
Израел и Јордан, кој е заштитник на светите места во Ерусалим, преговараат како да ги решат недоразбирањата.